ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Главен кризен штаб: Да се укине обрската за носење маски во основните училишта

Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19  ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата ѝ предложи да ја прифати одлуката со која учениците во основните училишта ќе посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува препораката за носење маски.

Кризниот штаб ќе препорача наставата на факултетите да се одржува со физичко прсуство со апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар. Исто така, се предлага
и максималната исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50% да се зголеми на 75% со задолжително носење заштитни маски. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button