ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Главниот град и понатаму е на врвот на европската и светската листа по алармантно загадување на воздухот

Главниот град и понатаму е на врвот на европската и светската листа по алармантно загадување на воздухот

Скопје денеска се најде на второто место во Европа, додека на четвртото во светот по најзагаден воздух. Лекарите велат дека поради алармантното загадување зголемена е бројот на граѓани кои бараат медицинска помош. Последиците од загадувањето најмногу ги трпат децата, постарите, трудниците и лицата со хронични заболувања.

Advertisements

На Клиниката за детски белодробни заболувања во Козле денеска имаше многу посети, особено на деца, заболени од бронхитис.

Во меѓувреме, министерот за здравство Арбен Таравари рече дека болниците имаат доволно капацитет да ги лекуваат пациентите кои се најзагрозени од загадувањето.
„Не мислам дека нашите капацитети во државата се мали за пациенти со белодробни заболувања, не зборувам само за постарите, туку и за децата, мислам дека имаме доволно капацитет, а никогаш не се случило пациент кој има ваква болест да не биде примен на клиника бидејќи немало место“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.

За заштита од загадениот воздух, лекарите препорачуваат носење маски на отворено. Според податоците главниот град е во првите најзагадени градови во светот според концентрацијата на ПМ10 честичките во воздухот./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button