Анализите направени во повеќе училишта во земјава покажуваат дека загадувањето на воздухот е исто толку опасно и во затворените простории
Анализите направени во повеќе училишта во земјава покажуваат дека загадувањето на воздухот е исто толку опасно и во затворените простории
Додека Скопје е рангирана меѓу градовите со најзагаден воздух во светот, големо присуство на отровни честички во воздухот е забележано во речиси сите градови во земјава. Ризикот од загадениот воздух е голем и во отворени и во затворени средини, изјави ректорот на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски, презентирајќи ги резултатите од анализата за квалитетот на воздухот во затворените простории во училиштата и градинките.
Министерката за образование Весна Јаневска порача дека државата мора да направи се за да обезбедат подобри услови во училиштата за да се заштити здравјето на учениците и вработените во образованието.
Најголеми загадувачи во текот на зимата продолжуваат да биде согорувањето на дрва, отпад, како и согорувањето на нафта и мазут кој најмногу се користи за затоплување на јавните установи./Алсат.мк
Мелихате Рустеми