ЕКОНОМИЈА

Годинава 65% повеќе жалби за осигурителни друштва

Во првите шест месеци од годинава бројот на жалби од граѓани за работата на осигурителните компании се зголемил за дури 65 отсто во споредба со истиот период лани. Станува збор за 135 претставки од осигуреници кои се жалат на услугите на осигурителни компании и брокерски друштва. Од Агенција за супервизија на осигурувањето велат дека најбројни се претставките за исплата на штети од автомобилска одговорност и за осигуран имот. Податоците кои ги објави регулаторот на оваа дејност покажува дека најмногу се зголемени жалбите на осигурениците по основ на рокот во кој компаниите ги решаваат штетите.

„Агенцијата за супервизија на осигурувањето, врз основа на обработените претставки, утврди пропусти во постапувањето кај две осигурителни компании за што им изрече и парични казни“, наведуваат од Агенција за супервизија на осигурувањето.

Регулаторот во овој период решил 21 претставка, а тоа претставува 30 отсто повеќе од истиот период минатата година. Од нив најголем број или 12 во корист на граѓаните се кај осигурувањето од автомобилска одговорност. Податоците велат и дека во процес на решавање се 23 претставки, а 16 се повлечени од страна на подносителите. Во 16 случаи регулаторот утврдил дека поднесоците се без основа.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button