МАКЕДОНИЈА
Годинава поголем буџет за образованието

Протестите против албанските часови во Чашка според Јаневска се вештачко креирани, додека за учениците Албанци од прво и второ одделение кои досега учеа на албански јазик во верски објект, наскоро ќе започнат да следат настава во училиштето кое е во изградба во село Бањица.
Во однос на буџетот за 2025 година доделен на Министерството за образование и наука, Јаневска рече дека Владата и Министерството имаат за цел да го забрзаат развојниот процес во вистинската насока.
Јаневска рече дека вработените во високообразовните институции од овој месец ќе земаат повисоки плати, 14% повеќе за наставниот кадар и 8% повеќе за ненаставниот кадар.
Авни Тахири