РЕГИОН
Голем шумски пожар во Грција – огнот се шири кон куќите, во тек е евакуација

Грчките пожарникари се борат со шумски пожар недалеку од Атина. Противпожарните авиони ја прекинаа работата синоќа по зајдисонце, но ситуацијата сè уште е тешка, а огнот се шири кон куќите, пренесе хрт.хр.
Повеќе од 400 пожарникари, 16 канадери и 13 хеликоптери се вклучени во гаснењето на пожарот кој брзо се прошири на 35 километри северно од Атина.
Грчката Цивилна заштита денеска наутро нареди евакуација на неколку населени места во североисточните предградија на Атина. Најмалку пет населени места се евакуирани утрово, како и две болници.
Жителка на гратчето Варнавас во Источна Атика, регион во близина на Атина, изјави дека огнот многу брзо се проширил.