ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Град Скопје бара итна истрага за причините за пожарот во Универзална

Министертвото за внатрешни работи итно да ги истражи причините и доколку се детектира дека е во прашање човечки фактор и мотивирано е од погрешната и небезбедна градба за што има соодветна документација, за која укажувавме две години и поради која одбивме да продолжиме со изведувачот избран од претходното раководство, институциите да си покренат соодветни постапки за одговорност.

Ова е реакцијата од Град Скопје, откако претпладнево гореше една од куполите на Универзална сала, а со брза интервенција на пожарникарите, пожарот е ставен под контрола.

Во тек беа работи за нејзино реновирање.

„Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзална сала кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа ни може да се продолжи ни може да се гради. Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборуваме!“, реагираат од Град Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button