ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Град Скопје: Јавниот превоз функционира нормално и покрај политичките притисоци

Јавниот градски превоз утринава функционира нормално, наспорти напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови потешкотии за граѓаните, соопштија од Град Скопје.
Во соопштението се додава:
„За жал, дел од медиумите наседнаа на наративот на владејачката партија, предизвикувајќи чувство на несигурност кај скопјани.
Во моментов јавниот градски превоз го опслужуваат сите автобуси на ЈСП како и автобусите на приватните превозници кон кои градот Скопје и ЈСП немаат никакви заостанати обврски.
Градот Скопје им посакува успешна и безгрижна учебна година на сите ученици“, стои во соопштението од Град Скопје.