Град Скопје објави оглас за приватните превозници

Град Скопје објави повици за приватни превозници. Јовица Зафировски вели дека ќе ја повлечат целата објавена документација од Град Скопје за да ги подготват документите за аплицирање. Според него, сите 210 автобуси ќе се вратат на работа по улиците на главниот град.
На скопските улици ќе се вратат и еколошките автобуси, кои приватните превозници долго време не ги користеа поради високата цена на метанот.
Јавниот превоз во главниот град со месеци е во хаос, бидејќи приватните превозници престанаа со работа, обвинувајќи го Јавното претпријатие дека не им го исплаќа долгот. По спорот со Градот, приватните превозници формираа нов организациски совет, по што постигнале договор да се вратат на работа и да им се плати долгот. Во меѓувреме Арсовска и двете фирми приватни превозници „Мак Експрес“ и „Слобода превоз“ ќе го решаваат спорот на суд.
Мефаил Исмаили