МАКЕДОНИЈА

Град Скопје тврди дека во Дрисла не се согорува опасен отпад

Во јавното претпријатие Дрисла освен медицински отпад кој се третира согласно предвидените процедури, не се согорува друг вид опасен отпад без дозвола, наведуваат од град Скопје. Нивното соопштение следува како реакција на денешната прес конференција на в.д. директорот на Инспекторатот за животна средина Сретен Стојковски кој кажа дека Дрисла добила забрана за прием и третирање на 26 видови на опасен отпад оти не поседува соодветна инсталација.

Advertisements

„Откако ЈП Дрисла е повторно во надлежност на Градот набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се стави крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето“, наведуваат од Град Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button