ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во „Дрисла“ се горел опасен отпад

Јавното претпријатие Дрисла добило забрана за прием и третирање на 26 видови на опасен отпад, оти не поседува соодветна инсталација, изјавил в.д. директорот на Инспекторатот за животна средина Сретен Стојковски, пренесува РСЕ. Тој рекол дека решенијата за забрана на 26 -те видови опасен отпад се издадени откако е дојден на функција пред два месеца.

Меѓу забранетите видови на опасен отпад се отпад од пестициди, киселини, опасен отпад што содржи жива, од А-интегрираната дозвола издадена на 19.02.2021 година, поради непоседување на инсталација за третман или преработка на посочениот отпад, навел Стојковски.

Од депонијата Дрисла било побарано да ги раскине договорите за прием и третман на посочените видови опасен отпад и да побара да биде извршена измена на А-интегрираната еколошка дозвола.

„Дрисла“ не е парично казнета и даден и рок да се усогласи. Дозволата, како што додаде, е издадена на 19 февруари 2021 година, а барање е поднесено во ноември 2020.

„Ние со решение им забранивме на „Дрисла“ да примаат таков отпади им дадовме рок да си достават барање до МЖСПП. Исто така, и Министерството е известено со информација за нашето решение, така што „Дрисла“ веќе не може да прима таков опасен отпад. Рокот е 90 дена, рекол Стојковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button