Градежните работници секојдневно изложени на жештините што ја зафатија земјава

Големата жештина што ја зафати нашата земја ќе биде уште поизразена во следните четири дена. Синоптичарите предвидуваат дека до 1 август УВ зраците ќе бидат посилни, што го поттикна Министерството за здравство да побара владина интервенција за да се прогласи портокаловиот аларм. Меѓу најизложените на сонце се градежните работници, кои не престанаа да работат ниту во екот на денот, кога термометарот во Скопје надмина 40 степени целзиусови. Нашиот тим провери неколку градилишта.
Иако истече рокот кога работниците треба да се одморат од топлината што преовладува деновиве во главниот град, нивната единствена свежина на работното место е да пијат вода од цревата што наводнуваат.
Дека треба да има реорганизација на работното време за некои активности, зад камерите, признаваат и работодавците, но кога ќе одат кај работниците, им даваат наредби работата да се заврши што е можно побрзо. Некои од работниците велат дека се принудени да работат на оваа жештина за две евра на час или 10 часа дневно за да обезбедат сума од 20 евра.
„Тешко е, но дефинитивно мора да работиме. Имаме ниски плати и треба да јадеме. Не, ние не носиме кациги затоа што е премногу топло, иако е за наша безбедност, но не можеме да ги носиме затоа што е многу топло“, рече еден работник.
Со одлука на Владата од 29 јули до 1 август, некои активности мора да работат со скратено работно време, односно да се запрат работите од 11 до 17 часот.
„Треба да бидат поштедени од работа најранливите групи, како што се бремените жени и лица над 60 години. Да се престане со физичка активност во градинките и да не ги изложуваат децата до шест часа на пладне. Центри за социјална грижа, единици на Црвен крст да им излезат во пресрет за евентуална помош на луѓето во неволја. Да престанат да работат некои дејнсоти кои имаат зголемен ризик од технолошките процеси“, наведоа од Владата.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на овие денови врел бран ќе зафати шест региони во земјава, кои ќе влезат во портокалова фаза, што значи над просечните температури на летната сезона. Властите предлагаат да се избегнува сонцето, да се конзумира лесна храна, но да се внимава со ладните течности. За хронично болните, се предлагаат дополнителни консултации со матичните лекари.
Аднан Ќаили