ВЕСТИ

Градинката во Теарце изградена, но не работи, се чека ова…

Градинката во Теарце изградена, но не работи, се чека ова...

Иако изградбата на градинката во селото Пршевце во општина Теарце беше завршена пред неколку месеци, таа сè уште не е пуштена во употреба. Тоа ги принудува родителите да ги носат своите деца во градинките во Тетово. Но, многумина не успеваат да ги запишат поради пренатрупаност. Затоа жителите апелираат што поскоро да се отвори дневниот престој бидејќи има стотина деца кои немаат каде да го поминат денот.

„Потребно ни е многу поради временските услови, но само Господ знае кога ќе почне. Имам многу внуци дома, самите се грижиме за нив, таму живееме ние старите со три деца. Има многу кои секојдневно ја чекаат оваа градинка да се отвори“, рече еден жител.

„Ни велат дека ќе се отвори, но засега нишо од тоа. Треба да ја отворат бидејќи ги праќаме децата во Тетово. Сè уште не ја отвориле“, додаде друг.

„Мислам дека е многу потребна и за селото и за околината, за општината. Претпоставувам дека сега децата ги носат во градот, далеку е“, нагласи груг жител.

Контактиравме и со општина Теарце. Градоначалникот Нухи Незири призна дека има доцнење, но вети дека градинката ќе биде отворена за неколку дена.

„Вистина е. Но, од страна на општината и инвеститорот, а тоа е Европската комисија, заедно со Министерството за труд и социјална политика, тие се координирани и добив потврда дека целата документација што ја бара ревизијата е доставена на проверка и овој процес е завршен. Објектот ќе го добиеме, а потоа ќе ги завршиме процедурите за формирање и отворање на градинката“, изјави Нухи Незири, градоначалник на општина Теарце.

Од друга страна, општина Теарце, која досега немаше градинка, има вкупно околу 600 деца заедно со Јегуновце и околните села. Градинката почна да се гради пред две години со пари од Европската комисија, Министерството за труд и општина Теарце во вредност од околу 1,5 милиони евра./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button