СПОРТФУДБАЛ

Нико Ковач доби отказ од Волфсбург, 11 натпревари без победа

Нико Ковач повеќе не е тренер на Волфсбург, потврдија од клубот од северна Германија. Волфсбург загуби со 1-3 на домашен терен од Аугсбург во 26. коло од Бундеслигата и ја продолжи катастрофалната серија од единаесет натпревари без победа.

Германските новинари со недели го критикуваат хрватскиот стручњак, а сега и клубот реагираше со отказно решение. Директорот на клубот Марсел Шефер го известил Ковач за разделбата во синоќа, а со одлуката јавно излезе утрово.

„По поразот од Аугсбург и анализата на играта и моменталната ситуација, донесовме одлука да ја прекинеме соработката. Жалиме за ваквиот развој на настаните, но веруваме дека ова е вистинскиот потег кој ќе му го даде потребниот поттик на тимот. Им благодариме на Нико Ковач, неговиот брат Роберт и Арон Бригс и им посакуваме сè најдобро во иднина, и лично и професионално“, рече Шефер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button