КОШАРКАСПОРТ

Лејкерс поразен од Голден Стејт, нова повреда на Ентони Дејвис

Во НБА лигата се одиграа осум натпревари, а највозбудливо беше во Калифорнија на средбата меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс. Гостинскиот тим славеше со 128-121, а ниту одличната партија на Леброн Џејмс не им помогна на Лејкерси. „Кралот“ натпреварот го заврши со 40 поени, 8 скока и 9 асистенции. Најдобра помош пружи Дианџело Расел со 23 поени и 13 асистенции. На другата страна, Стеф Кeри беше најефикасен со 31 поен, Клеј Томпсон додаде 26, а Џонатан Камингс беше автор на 23 поени.

Најголема грижа за Лејкерси е повредата на Ентони Дејвис. Одличниот центар ја напушти средбата на почетокот на натпреварот и потоа не се врати во игра. Сè уште не се знае дали и колку Дејвис ќе отсуствува од терените.

Екипата на Филаделфија беше подобра од Шарлот на домашен терен и победи со 109-98. Во текот на целиот натпревар 76-ките беа подобриот ривал на теренот, ги добија сите четвртини и не стравуваа за победата, иако Шарлот се закануваше во одредени периоди од натпреварот Макси беше најдобар кај победниците со 30 поени, а Оубре додаде уште 22. Во тимот на Шарлот, Ман постигна 21 поен со 8 скока и 6 асистенции. Кошаркарите на Чикаго Булс пред своите навивачи беа подобри од Вашингтон и забележаа сигурна победа од 127-98, која практично ја обезбедија до полувремето.

Досунму беше најдобар за Булси со 34 поени и 9 асистенции, а Никола Вучевиќ за половина час игра забележа „дабл-дабл“ ефект со 29 поени, 13 скока и 2 асистенции.

Во остнатите натпревари: Хјустон – Кливленд 117-103, Индијана – Бруклин 121-100, Њу Орлеанс – Портланд 126-107, Филаделфија – Шарлот 109-98, Мемфис – Оклахома 112-118 и Јута – Минесота 100-119.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button