СПОРТФУДБАЛ

Таири: Силекс е првата пречка од последните пет натпревари сезонава

Струга ТЛ во 29. коло ја очекува пресметката со Силекс низ финалната серија во битката за одбрана на трофејот во Првата македонска фудбалска лига.

„По два натпревари без победа, минатата недела се вративме на победата победувајќи ја Македонија ЃП во Скопје, па цврсто верувам дека треба да продолжиме со ова темпо и на мечот со Силекс. Бодовите се многу важни, па мислиме само на победа. Секоја победа не носи поблиску до титулата, па мора да дадеме се од себе на секој натпревар“ – вели Фламур Таири.

 

Тoj вели дека титулата е секако силно посакувана, а за тоа мора да се совлада Силекс.

 

„Шампионската титула е сон на секој фудбалер. Оваа титула добива уште поголема тежина ако ја постигнете со клубот од вашиот роден град. Истото го направив и минатата година, и би бил многу горд и среќен доколку го повториме истото и оваа година. Силекс е првата пречка од последните пет натпревари сезонава. Знаеме дека нема да биде лесно против Силекс, но како и да е, наша цел е само победата“ – вели Таири./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button