СПОРТФУДБАЛ

Ромелу Лукаку ќе игра и за третата екипа во Италија?!

Ромелу Лукаку е на добар пат повторно да ги смени клупските бои откако Челси јасно стави до знаење дека нема намера да даде попуст на Рома во преговорите за откуп на договорот на белгискиот голгетер.

Во Челси сметаат дека Лукаку се покажал како одлично засилување и „волчицата“ треба да плати 40 милиони евра ако сака да го задржи, но финансиските проблеми на римскиот клуб ќе придонесат белгиецот повторно да ги спакува куферите по само една сезона мината во ист клуб.

Италијанските медиуми најавуваат дека големиот ас би требало да остане во Калчо-лигата, и тоа во трета различна екипа во последните три години. Наполи е тимот што во моментов е најблиску до Лукаку, откако Челси решил да го вклучи овој фудбалер во понудата за Виктор Осимен. „Сините“ од Лондон веќе тргнаа во офанзива по Осимен, но не сакаат да ја платат клаузулата од 130 милиони евра што се наоѓа во новиот договор што нигериецот го потпиша со „наполитанците“.

Понудата на Челси изнесувала 80 милиони евра, плус Лукаку, плус уште еден млад фудбалер на Челси кој би заминал на двогодишна позајмица во Наполи. На потег е Де Лаурентис, кој чека конкретна понуда од ПСЖ пред да донесе конечна одлука во преговорите со Челси за Осимен

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button