Далас Маверикс поведе со 2-1 во серијата со Лос Анџелес Клиперс откако на домашен терен славеше со 101-90. Освен релативно лесниот триумф на домашниот тим, натпреварот го одбележа нервозата кај ветеранот во противничките редови Расел Вестбрук.
Иако важи за добар дефанзивец, тој не можеше никако да го запре Дончиќ, па се обиде дури и со тепање бидејќи такви фаули не може да се окарактеризираат на друг начин.
Westbrook lo estuvo buscando durante todo el partido a Doncic. pic.twitter.com/8rDSDCjxU8
— Sexto Hombre (@6toHombreLATAM) April 27, 2024
Се вмешаа и другите кошаркари и малку недостасуваше да дојде до масовна тепачка. На крајот Вестбрук успеа во својата намера бидејќи Дончиќ се пожали на повреда на коленото и прашање е дали ќе биде комплетно подготвен за четвртиот натпревар. Словенецот остана на една асистенција од трипл дабл (22/10/9), додека Вестбрук го заврши мечот со само еден поен./Sport1/mk/