МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Шуто Оризари нападнат од граѓанин пред општината

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш бил нападнат во дворот на општината од револтиран граѓанин. Според МВР, лицето З.И. 49 годишен скопјанец во просториите на општина Шуто Оризаре се однесувал агресивно и го нападнал градоначалникот на општината Курто Дудуш. Случајот за Алсат го потврди и градоначалникот Дудуш.

Advertisements

Според него, напаѓачот бил револтиран зашто во неговиот двор каде се вршеле водоводни работи, по санирањето на штетата, останала земја. Тој се упатил кон општината каде барал екипи да дојдат и да ја отстранат земјата од неговиот двор, иако му било објаснето дека тоа не е во надлежност на општината. Според МВР, по целосно документирање на овој случај против 47-годишниот З.И. ќе има соодветна пријава.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button