ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните и понатаму се жалат дека тешко добиваат државјанство

Кумановецот Бурхан Фазлиевиќ нема државјанство. За разлика од него, сите останати членови на семејството имаат државјанство и документи на Северна Македонија. 38-годишниот кумановец кој е роден и завршил училиште во овој град, веќе долги години се претставува како странски државјанин. Институциите не даваат конкретни одговори зошто не може да има државјанство.

„Јас сум без државјанство. Ова е втор пат што аплицирам. Еве ја имам потврдата, немам одговор. За ниеден документ не ми одговараат. Сите имаат: родителите, сестрите, браќата. Сите документи сум ги доставил, прифатени се но немам одговор”.

Својот проблем тој го упати и до носителите на јавни функции.

„Ми треба државјанство, за тоа барам помош преку телевизија. Побарав помош од ДУИ, Арбер Адеми, Назим Буш. Ми треба за брак во Франција. Наполнив 38 години и останав неженет.

Заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши рече дека случајот е во тек.

„За Бурхан Фазлиевиќ потребни се уште некои проверки и мислам дека наскоро ќе има позитивен епилог, односно следната недела на шалтер ќе се најде одлуката за државјанство.“

Во моментов, според МВР, во постапка се околу 360 предмети од лица кои поднеле барање за државјанство по член 7 од законот, односно лица кои до 8 септември 1991 година живееле на територијата на Република Македонија и кои обезбедиле барем еден од документите потребни за да се потврди ова. 1375 други барања се од раселени лица  кои бараат државјанство.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button