ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата во првите две недели од годинава привела десетици лица за различни кривични дела

За време на новогодишните празници, во период од две недели, полицијата уапси десетици лица за различни дела. Според Министерството за внатрешни работи, меѓу приведените имало и деца под 18 години.

Во истиот период полицијата соопшти дека само во скопскиот регион има уапсени барани лица со потерница откако биле осудени, дел поради бегство од затворите, а дел поради истрага со притвор.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски вели дека во текот на 2021 година биле уапсени уште стотина лица по кои имало потерници.

Министерството за внатрешни работи оценува дека како резултат на апсењата на лица кои поради различни причини избегале од затвор, лани значително се намалил бројот на кривични дела, во однос на претходните години. Тоа се должи на фактот што луѓето кои бегаат од затворите, продолжуваат да вршат други кривични дела.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button