Граѓаните на Скопје-Север од вчера немаат парно
Граѓаните на Скопје-Север од вчера немаат парно

Корисниците на парното на Скопје Север два дена немаат греење. Оваа топлана прва го вклучи парното, десетина дена пред законскиот рок, но сега нема пари да набави природен гас за производство на топлинска енергија. Граѓаните се револтирани, и велат дека џабе плаќаат сметки, бидејќи и кога имало, радијаторите биле млаки, а ова им се случува секоја година.
„Од вчера од сабајле немаме, дома е смрзнувачка. Плаќаме преку цела година секој месец, зависи од тоа колку сме потрошиле. Се движи од 2500 до 2700 денари“, рече еден граѓанин.
„Секоја година ова се случува, секоја година. ( И сега чаре? ) Чаре, се грееме на струја“, додаде друг граѓанин.
Екипата на Алсат се обиде да стапи во контакт со директорот на топланата Скопје Север Куштрим Рамадани, но тој не одговори на нашите повици и СМС пораки. Кога пристигнавме пред топланата, тој замина со возилото.
„Ова позади мене се станбените згради кои што се приклучени на системот за топлинска енергија на Скопје Север. Револтот на овие домаќинства е поголем , затоа што тие од сопствени средства инвестирале во вградување на инфраструктура за парно греење. Сега секоја година, во зимските месеци, се будат со прашањето, дали радијаторите во нивните домови ќе бидат студени или топли“, пренесува Иле Петревски, новинар на Алсат М.
Од оваа топлана парно греење добиваат и 15тина јавни објекти, меѓу кои градинки, училишта,и здравствени установи. Во основното училиште Петар Здравковски Пенко, ни соопштија дека поради немање греење децата имале скратени часови.
„Од 40 минути решивме часовите да траат 30 минути. Во втората смена каде што се одвива одделенската настава, многу од родителите не ги донесоа децата во училиште. “
Проблемот на Скопје Север има решение, од ЕСМ велат дека можат финансиски да и помогнат на приватната топлана, само под услов директорот Куштрим Рамадани да попише дека парите што ги должи топланата, ќе ги врати.
Визарт ЕСМ
„АД Скопје Север одби да го потпише договорот, затоа што овој субјект бара неповратни средства, односно смета дека треба да му се исплати финансиска помош која не треба да ја врати. Скопје Север бара субвенционирање директно од АД ЕСМ, кое нашата компанија ниту има правен основ, ниту смее да го прави“, рече Мукадес Едаци педагог.
Топланата Скопје Север е акционерско друштво и должи пари кои од државата ги добила и лани како помош за набавка на природен гас. Директорот одбива да се обврзе дека ќе го врати долгот и одбива да се потпише на договорот.