ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието со консензус ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик

Собранието во рамки на продолжението на 51. седница денеска со 85 гласа „за“ ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик.

Главните интервенции со овој закон се во однос на имплементација на Истанбулската конвенција, во кривичните дела кои се поврзани со безбедноста на новинарите, менување на одредени одредби од Кривичниот законик во сферата на конфискацијата и тортурата како резултат на пресуди донесени од Европскиот суд за човекови права со кои се утврдува повреда на одредби од Конвенцијата, како и усогласување на Кривичниот законик со Директивата (ЕУ) 2017/1371 за борба против измама во врска со финансиските интереси на Унијата со примена на кривичното право.

Во делот на заштитата на новинарите во вршењето на нивните работни задачи со член 6 ставот 8 се предвидува квалифициран облик на кривичното дело „Убиство“ за убиство на новинар или друг медиумски работник, а исто така се предвидува кривичното дело „Присилба“, „загрозување на сигурноста“, како и кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Освен за новинарите членот 6 став 8 се однесува и на лишување од живот на судија, јавен обвинител
при вршењето на неговата функција, односно дејност, адвокат, лекар или друг здравствен работник, или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи кои ги презема во рамките на своите овластувања или службено или воено лице при вршењето на работите на јавната или државната безбедност или на должноста чување на јавниот ред, фаќање на сторител на кривично дело или чување на лице лишено од слобода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button