ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните над 40 години кои не добиле СМС термин за вакцинација да се обратат кај матичните лекари

Термини за вакцинација добиле сите граѓани над 40 години од Скопје кои до 30 април аплицирале преку веб-страницата вакцинација.мк, соопштува Министерството за здравство. Според здравствените власти, во следните три дена во другите градови низ земјава, термин за вакцинација ќе добијат и тамошните граѓани над 40-годишна возраст. Но, многумина се жалат дека не добиле СМС известување за терминот.

Граѓаните постари од 40 години кои се пријавиле на страницата вакцинација.мк и не добиле СМС порака за да го потврдат терминот, да се пријават кај своите матични лекари за да добијат термин за вакцинација. Тие имаат термин, но поради некои технички проблеми како што се грешки во електронската пошта или бројот на мобилниот телефон, тие не добиле известување преку СМС или електронска порака за терминот на вакцинација – велат од Министерство за здравство.

Во меѓувреме, според микробиолозите, техничките проблеми не треба да ги обесхрабруваат граѓаните. Повикуваат што повеќе да аплицираат за да се постигне колективен имунитет.

Потребна е малку подетална студија за оваа работа, ако ги прашате креаторите на политиките, тоа ќе биде одговор на ова прашање што ќе го поставите. Меѓутоа, ако многу често ја прашувате популацијата, се случува матичниот лекар или некој друг да закаже термин за лицето за кое станува збор и пациентот воопшто да не е информиран дека има термин. Сепак, бројот на заинтересирани за вакцинација не треба да се занемари – изјави Дугаѓин Османи, микробиолог.

Бројот на граѓани кои се пријавиле да се вакцинираат е близу 347 илјади. До пред еден ден, над 203 илјади беа вакцинирани на пунковите низ целата земја, додека 24.851 се ревакцинирани. Според Националниот план за имунизација, 35% од населението постаро од 70 години примило барем една доза. Вакцинацијата е извршена и врз критичната државна инфраструктура, како што се медицинскиот, воено-полицискиот персонал и други ранливи категории.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button