Граѓаните незадоволни од почитувањето на албанскиот

По повод одбележувањето на Денот на азбуката, организирани се различни настани, а за Албанците во нашата земја овој ден е и неработен ден. Од 14 до 22 ноември 1908 година во градот Битола е стандардизирана азбуката на албанскиот јазик, но колку албанскиот јазик се почитува од аспект на граѓаните.
„Има институции каде се почитува, но има и такви кои воопшто не го почитуваат, видовме во медиумите дека секое министерство го почитува во своја форма, но со целосна одговорност велам дека на државно ниво има министерства кои не го почитуваат албанскиот јазик ниту во пишана, ниту во говорна форма…“
„Се почитува но има некои политичари или функционери кои не се изразуваат правилно, не го зборуваат литературниот јазик, имаат аномалии или слабости во многу аспекти, можеби до нивото на образование е“, велат граѓаните.
„Во основните и средните училишта, и натаму треба да му се обратиме на професорот на стандарден јазик, не со јазикот што го зборуваме дома, туку толку разликува дијалектот што нам не кочи, за она што треа да го кажеме на стандардниот јазик, но ова е и од малку читање“, вели Бехар Несими, актер
„Азбуката е основана во исклучително тешки услови кога бевме поробени, а денес кога сме слободни не знаеме како правилно да ја употребиме, да ја унапредуваме и наместо да ја збогатуваме со нови зборови, ние не ги користиме дури и оние зборови на нашите преродбеници кои го збогатија речникот на албанскиот јазик“, рече Фатмир Сулејмани – универзитетски професор.
Авни Тахири