ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните револтирани од поскапувањата, мерките на Владата недоволни

Континуираното поскапување на прехранбените производи, според граѓаните, ја докажува неодговорноста на Владата. За Алсат велат дека функционерите на власт мислат само на себе и не се грижат како другите го поминуваат овој тежок период, пишува Алсат.
„Речиси 80% се зголемени. Каде е проблемот? Не може да се преземат мерки? Проблемот е знаете каде, во државата, во тие што ги прават цените.“
„Катастрофа, што да кажам, не живеам овде, надвор сум, но како што гледам и слушам, подобро да не слушам.“
Од опозицијата велат дека Владата презема мерки против поскапувањата, но најголемиот број од нив сè уште не се доставени ни до Собрание. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за да се намалат цените на храната мора да се преземат три итни мерки.
Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Во меѓувреме, власта ја обвинува опозицијата дека спречува антикризните мерки да поминат во Собранието./Алсат.мк

МЕФАИЛ ИСМАИЛИ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button