ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Замрзнувањето на цените на дрвата и пелетите, задоцнета владина одлука

Замрзнувањето на цените на дрвата и на пелетите од страна на Владата е задоцнета одлука. Граѓаните со кои зборувавме велат дека цената е веќе превисока за нивниот стандард, пишува Алсат.

Добро е, но требаше на време. Сега луѓето веќе ги купија и направија трошоци.

Не треба да ги прават 10.500, туку 3.500.

Малку ли поскапеа? Поскапеа, не поевтинија. Баш сега е катастрофа, повисока цена нема никаде, 5.000 денари за кубик дрва.

Доцна е, одлуката дојде предоцна затоа што сега ја користат кризата за секоја прилика.

Владата на вчерашната седница донесе одлука за замрзнување на цените на огревното дрво од 4.500 до 6.000 денари и на пелетите до 27 денари по килограм, што значи дека компаниите кои се занимаваат со продажба не можат уште да ги покачуваат цените./Алсат.мк

МЕФАИЛ ИСМАИЛИ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button