ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО не гледа случај во скандалот на Клиниката за онкологија

За скандалот со терапиите за канцер на Клиниката за онкологија, јавноста ќе чека дали за некого ќе има кривична одговорност или не. Дали е доволно само да се разреши директорот, кога собрани изјави од пациенти и вработени на клиниката фрлаат сомнеж дека постои организирана мрежа за продажба на црно на скапи терапии за канцер. Здравствените власти велат дека она за што се тие надлежни било направено и сега топката ја префрлаат во обвинителството. Алсат има докази за злоупотреби и на други три клиники, пишува Алсат.

 

„За Основното јавно обвинителство гласините во јавноста не се доволни да реагира по разрешувањето на директорот на Онкологија и директорката на Детската клиника за евентуална злоупотреба на нивните раководни позиции. Од обвинителството велат дека го чекаат ревизорскиот извештај на Министерството за здравство за да се испита дали има основа да се отвори предистражна постапка.“ Аднан Ќаили, новинар.

 

Две оставки и едно разрешување се првичните мерки на здравствените власти по сознанијата за неправилности на раководителите на овие клиники. Но, мерките беа преземени само откако медиумите објавија сомнежи дека на Клиниката за онкологија умираат болни од рак бидејќи некој на црно ги продава скапите терапии. По барање на министерот за здравство, оставка потпиша медицинскиот директор на Онкологија Никола Васев, а на негово место за в.д. за 6 месеци е поставена Виолета Клисарова. Од Министерството не соопштува повеќе детали кај кои други директори од 12-те клиники евентуално констатирале злоупотреба. Двајца открија новинарите, а за 10 се очекува тоа да го направат институциите.

 

„Министерството за здравство во повеќе наврати соопшти дека овие контроли ќе се прават во сите јавни здравствени установи и сè додека трае увидот нема да има соопштенија.“, велат од Министерство за здравство.

 

Оставка вчера поднесе и директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова, а на нејзино место е назначена, Стојка Нацева Фуштиќ. Од оваа клиника вчера беше разрешен од функцијата организацискиот директор, Алајдин Мемеди поради како што се вели, неправилностите што биле констатирани во извештајот составен по контролата на работата од страна на Фондот за здравствено осигурување. Двајцата разрешени медицински директори ќе продолжат да работат во соодветните клиники како лекари, бидејќи нивните лиценци за работа не се одземени./Алсат.мк

АДНАН ЌАИЛИ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button