ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Граѓаните: Цената на струјата е висока, ќе крахираме

Данокот на додадена вредност на сметките за струја до Нова година останува пет отсто. Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи рече дека за десетина дена кога ќе биде готов ребалансот на буџетот, ќе се знае и колкава сума државата ќе одвои за нова помош за граѓаните и фирмите за справување со енергетската криза.

„Се прават финалните калкулации дали побарувачката односно потребата на ЕВН ќе ја обезбеди ЕСМ. Второ, дали домашните капацитетите за производство се доволни за да ја испорачаат оваа електрична енергија или ќе има потреба од увоз. Сè додека се прават овие проценки не можеме да кажеме колкав ќе биде пакетот“, рече Битиќи.

Инаку, годинава 60 отсто од струјата за граѓаните треба да ја обезбедат државните електрани. Граѓаните пак, кои ги анкетиравме ги поздравуваат најавите на регулаторна за посебни тарифници за оние кои најмногу трошат, но за најголемиот дел од нив, цената на струјата е голем проблем.

„Немаме друг избор, што ќе кажат тоа е“…

„Секогаш штедиме ние, скапа е струјата и мора да штедиме“…

-Што очекувате сега во јули, поскапување?

„Поскапување сигурно да, не знам колку ама намалување сигурно нема, евтина струја нема, така што, ќе крахираме“, велат граѓаните.

Дел од енергетските компании веќе ги доставија извештаите со нивните трошоци до Регулаторната комисија за енергетика, а дел се во завршни пресметки. Колку од нив ќе прифати регулаторот ќе се знае кон крајот на идниот месец кога ќе биде и крајниот рок за формирање на новата цена на струјата која ќе важи шест месеци.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button