ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓанскиот суд ја отфрли тужбата за загаден воздух

Граѓанскиот суд одлучи да не утврдува евентуална одговорност кај институциите за загадениот воздух. Скопска „двојка“ ја отфрли првата тужбата против државата за загадедниот воздух поднесена од здружението „Млади правници“. Тие ги тужеа Владата, Министерството за екологија и Градот Скопје, бидјеќи не презеле доволно мерки од 2007 до 2018 година за справување со аерозагадувањето. Сепак, правната битка за аерозагадувањето не застанува. До повискиот, Апелациониот суд, здружението испрати жалби за одлуката на Граѓанскиот суд. Од „Млади правници“ очекуваат Апелација да го врати предметот пред скопска „двојка“ и да се отвори судски случај.

„Она што е значајно е судот да навлезе и да расправа за овие прашања, бидејќи сметаме дека има простор и законски основ, судот да навлезе во суштинско разгледување на тужбеното барање, а со отфрлањето на тужбата, што подразбира ненавлегување во разгледување на самото барање и ненавглегување во доказите, односно немаме изведување на докази, дали се основани“; рече Јасна Оровчанец Арангеловиќ, здружение „Млади правници“.

Алсат праша во Граѓанскиот суд со кое образложение е одбиена тужбата, а оттаму одговор не нѝ дадоа, туку не упатија на судскиот веб – сајт да го провериме образложението, кое што не беше достапно. Тужбата беше поднесена во јули 2019 година, за по година и пол да биде отфрлена.

Во тужбата здружението наведе дека на граѓаните им се повредува правото на здрава животна средина, правото на здравје, на приватност на личен и семеен живот и неповредливоста на домот и преземање на мерки. Здружението „Млади правници“поднесе тужба и за аерозагадувањето во Битола, но таму Судот сеуште не закажа ниту подготвително рочиште. Аерозагадувањето во земјава и сезонава ги надминува границите на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките во воздухот.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button