МАКЕДОНИЈА

Грковска за службените возила за партиски цели: Ќе постапиме кога ќе имаме докази

Кога има докази дека е прекршен Етичкиот кодекс е постапено, а досега не е добиен доказ, одговори вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска на новинарско прашање дали ќе поведат постапка по допрен глас за политичарите кои со службени возила се потпишувале за претседателските кандидати.

„Досега не сме добиле фактичка состојба да видиме со аргумент дека е тоа така. Знаете дека и досега секогаш кога сме имале аргументи и доказ којшто укажува на тоа дека е прекршен Етичкиот кодекс сме постапиле, без разлика на тоа за кого станува збор. Така ќе биде и во овој случај. И токму како предупредување испративме пред извесно време отворено писмо до јавноста, до сите политички субјекти, без разлика на тоа на кое ниво на власт се, дека треба да водат сметка за јасно разграничување на партиските и државните активности и да нема злоупотреба на државни ресурси и капацитети за време на политичка кампања“, изјави Грковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button