МАКЕДОНИЈА

Грозданова: Нема простор за загриженост од вакцината на „Астра Зенека“

Прва доза вакцина на „Астра Зенека“ имаат примено повеќе од 20 милиони луѓе и не постои простор за загриженост, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Александра Грозданова од Националната техничка група за Ковид-19 вакцинација. Грозданова советува граѓаните да се јават кај својот лекар во случај да почувствуваат одредени симптоми.

„Не постои простор за паника и загриженост иако некои граѓани бараат информации дали да пијат одредена профилакса. Таква официјална препорака не постои. Доколку почувствуваат главоболка, интензивна болка во стомакот или во градите, да се јават кај својот лекар. Но, дотогаш нема никаков проблем во користењето на оваа вакцина“, вели Грозданова додавајќи дека здравствените власти во земјава ќе ги следат испитувањата и препораките од меѓународните агенции за лекови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button