ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Грција ја поддржува европската интеграција на земјава

Со свечена церемонија во претседателската палата во Атина денес претседателот на Стево Пендаровски беше пречекан од неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу. Ова е прва билатерална средба на највиско ниво од независноста на земјата.

“Пораките од Атина се позитивни во однос на поддршката што Грција ја дава за интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Властите во Атина од Северна Македонија бараат целосна имплементација на Договорот од Преспа. Страните се согласија да продолжат со добрите економски и политички односи“.

Целосното спроведување на Договорот од Преспа, рече грчката претседателка, е важно за поддршката што Атина ја дава на Скопје во процесот на европска интеграција.

“Би сакал да потврдам дека придаваме значење на зајакнувањето на билатералните односи и европската перспектива на Северна Македонија. Се согласуваме дека целосното спроведување на Договорот од Преспа е клучно за постигнување на овие две цели. Поминаа две и пол години откако стапи на сила Преспанскиот договор.  Од Северна Македонија се направени некои позитивни чекори но повторно многу прашања остануваат нерешени. Затворањето на овие отворени прашања ќе овозможи понатамошен развој на нашите односи“.

Претседателот Пендаровски изјави дека е добра вест што двете комисии што произлегоа од договорот и кои не се состанаа од почетокот на пандемијата, закажаа средби.

Пандаровски се сретна и со грчкиот премиер Кириакос Микотакис, кој ја потврди поддршката за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Киријакос Микотакис, премиер на Грција

„Ние придаваме големо значење на зајакнувањето и продлабочувањето на нашите билатерални односи, но и на промовирањето на евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Ова е прашање за кое ќе имаме можност да разговараме во Словенија, во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Мило ми е што нашата билатерална соработка оди напред со стабилни чекори во областа на енергетиката, одбраната и царината“.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button