РЕГИОН

Грција започна  разговори со Франција за купување на голема количина оружје


Во време на тензии во Источниот Медитеран,  Грција започна  разговори со Франција за купување на голема количина на оружје. Договорот се уште не е финализиран, но според медиумите вклучува купување на два брода, борбени авиони „Рафал“ и друго оружје, вклучително и ракети. Разговорите за договорот за вооружување меѓу двете земји добија нов поттик откако францускиот претседател отворено ја соопшти својата  позиција за истражувањата на гас и нафта во Медитеранот  кои ги започна  Анкара и испрати два борбени авиони и еден брод во Кипар за поддршка на Грција. Грчки владини функционери потврдија дека властите во Атина се подготвени да потрошат средства од  државните резерви за да се зголеми одбранбениот потенцијал на земјата. Според грчките медиуми Атина се согласила да купи 18 борбени авиони „Рафал“, произведени во Дасо авијацијата во Франција.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button