ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Груевски му кажал на Протуѓер дека купил плац на Водно

Поранешниот премиерот Никола Груевски лично на неговиот некогашен шеф на кабинет, Мартин Протуѓер му кажал дека да купил земјиште на Водно од 10.000 квадратни метри, а потоа веќе никогаш тоа земјиште не го споменал. Ова Протуѓер денеска го кажа на судењето „Плацеви на Водно“, случај во кој Груевски е обвинет дека како претседател на ВМРО – ДПМНЕ од партиските пари зел за себе. Груевски, според обвинението, на овој начин собрал најмалку 1,3 милиони евра. Но, тој тоа го негираше и тврдеше дека никогаш не купил плац на Водно. Денеска за овој случај сведочеше и поранешната министерка Гордана Јанкулоска, која раскажуваше како се финансирала ВМРО – ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button