МАКЕДОНИЈА

Димитриевски не сака да се меша во внатрепартиските избори на СДСМ

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања за изборот на лидер на СДСМ, им посака успех на кандидатите, додавајќи дека нема да коментира имиња, ниту пак ќе се меша во внатрепартиски постапки за избор на претседател.

Според Димитриевски, на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е „да избира лидери кои се во сенка на поединци“.

– Во една прилика реков и повторно ќе повторам без разлика на студениот однос на мојот политички субјект и на раководството коешто во моментов менаџира со него, на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е да избира лидери кои се во сенка на поединци, рече Димитриевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button