ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Груевски остана без плацови и без станови, но доби затвор

Збогатено судското досие на екс – премиерот во Македонија, а азилант во Унгарија, Никола Груевски. Тој е осуден на нови седум години затвор за криење на имот во случајот „Плацови на Водно“. Неговиот братучед, поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков доби една година и три месеци затвор, додека бизнисменот Орце Камчев е осуден на една година. Кумот на Груевски од првиот брак, Ристо Новачевски и соработникот на Камчев, Ненад Јосифовиќ добија условна казна. Мајката на Камчев, Ратка е ослободена од обвинение бидејќи делото ѝ застаре.

„Активностите на актерите во процесот на перење на пари не може веднаш и очигледно да се препознаат, бидејќи суштината на перење пари е да се крие изворот, сопственоста и владението на валканите пари. Во оваа смисла, најефикасен за откривање е да се следи патот на парите“, рече Илија Трпков, судија.

Судот му го конфискуваше имотот на Груевски. Станува збор за станови и плацови на Водно. Во конфискацијата влегуваат трите луксузни апартмна во „Панорама Резиденс“, како и два стана на Бихаќка. Од конфискација се поштедени имотите кои ги поседува мајката на Груевски. Обвинителката Лиле Стефанова изјави дека спроед пазарната вредност конфискуваниот имот на сите осудени вреди околу 3 милиони евра.

„…Сметам дека обвинителството во овој случај понуди и беа изведени квалитетни докази од кои во целост се докажа диспозитивот на обвинителниот акт“, рече Стефанова.

Сепак, Стефанова не беше задоволна ода висината на казната на Груевски и на Мијалков и најави жалба. И одбраната најавува жалби. Адвокатот на Мијалков вели дека за него немало докази, ниту пак, му е конфискуван имот во „Плацови на Водно“.

„Нас не ни се допадна изречена казна која е поостра од оние кои вршеле перење на пари, а помагачот при наводно перење на пари е казнет построго од оние кои го сториле самото кривично дело“, изјави Звонко Давидовиќ, адвокат на Сашо Мијалков.

Според пресудата, пари од членството на ВМРО – ДПМНЕ кое донирало во име на партијата, завршувале кај Груевски. Со тие пари, преку Белизе, Груевски купил имоти во Скопје, а сопствеништвото го прикривал. Станува збор за имот од 1,3 милиони евра.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button