Групчин, се зголемува бројот на сообраќајки на регионалиниот пат
Групчин, се зголемува бројот на сообраќајки на регионалиниот пат

Овој патен правец во село Групчин, општина Желино по асфалтирањето се претвора во потенцијална опасност за жителите, поради брзото движење на автомобилите. Последна жртва на ова место било 7-годишно момче. Жителите бараат по секоја цена да се постават лежечки полицајци и контролни пунктови на овој пат, за да можат децата безбедно да се движат.
„Треба да се постави полицаец, да се вози поспоро, максимум 40km/h. Треба да се постават пречки, но нема кому да кажеме. Овој пат е многу опасен„, рече еден жител.
„…во последно време е зголемен бројот на сообраќајки, додека минатата недела имаше и сообраќајна несреќа во која имаше и деца и тоа е резултат на неприспособената брзина на движење на автомобилите. На околу 300 метри погоре има дуќани каде што постојано имаме фреквенција на деца и повозрасни, каде исто ризикот е голем“, изјави Ештреф Амети, директор и ОУ Пашко Васа.
Ја контактираме и Општина Желино, од каде побараа од жителите официјално да се достави барање до Македонија пат, бидејќи овој патен правец е регионален пат и е под нивна ингеренција.
„По барање на директорот на училиштето поставивме знаци за намалување на брзината, бидејќи граѓаните немаа поднесено официјално барање. Отсекогаш сме биле отворени за соработка. Граѓаните треба официјално да достават барање до општината, за потоа ние да го упатиме до Македонија Пат, да се обезбеди потребната сигнализација и што поскоро да се реши овој проблем “, нагласи Бујар Сулејмани, Општина Желино./алсат.мк
Башким Сулејмани