ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иницијатива во Уставен за личните документи, Мицкоски: Нема време, ниту примероци

Иницијатива во Уставен за личните документи, Мицкоски: Нема време, ниту примероци

ВМРО-ДПМНЕ в понеделник ќе поднесе претставка до Уставен суд за ставање вон сила на Законот за патни исправи. Како што најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, не може да се стигне да се направи замена до февруари кога истекува рокот за замена на личните документи со новото име на државата, обврска која произлегува од Преспанскиот договор.

Мицкоски вели дека доколку Уставниот суд, има желба да го реши проблемот, може веднаш да закаже рочиште и да го укине законот.
Владата, од друга страна, со денови ја изнесува идејата за одложување на рокот за промена на личните документи. Претседателот Пендаровски, предложи продолжување на рокот на важност и замена на личните документи и патните исправи, а Владата најави дека ќе го разгледа предлогот. Покрај тоа, премиерот Димитар Ковачевски рече дека претседателот Пендаровски може да разговара за ова со неговиот грчки колега.

Алсат упати прашање до Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, дали и кога ќе разговара со претседателот на Грција. Од Кабинетот велат дека иницијативата треба да биде на владата, а претседателот може да даде негова помош.

„Договорот од Преспа е потпишан од министрите за надворешни работи, во име на владите на двете земји, и размената на информации во овој контекст треба да се одвива во овие рамки. Со оглед на тоа дека Договорот од Преспа, е важен и во рамките на нашите преговори со Европската Унија, информациите во Брисел треба да се направат и преку Секретаријатот за европски прашања. Во рамките на општите заложби на државата, претседателот Пендаровски е подготвен да го даде својот придонес преку комуникација со претседателот на Република Грција“, велат од Кабинет на претседателот Пендаровски.

Долгото чекање пред шалтерите на МВР, според претходната изјава на претседателот, е срамно потценување за граѓаните.

Земјата ја презеде обврската за промена на личните документи и патните исправи со новото име на државата од Преспанскиот договор од 2018 година. Крајниот рок за нивна промена е 12 февруари годинава. Сепак, властите велат дека нема да има казна за оние кои нема да ги променат документите во рокот./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button