ВЕСТИКлиматски ПромениСВЕТ

Гутереш: Почнува ерата на глобално вриење!

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека ерата на глобалното затоплување е завршена, и дека „ерата на глобално вриење“ започнала.

– Климатските промени се насекаде. Тоа е страшно. И ова е само почеток – предупреди Гутереш, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека човештвото иницирало уништување, но дека тоа не смее да предизвика очај, туку да води кон акција. Тој додаде дека се уште е можно да се ограничи зголемувањето на глобалната температура, од 1,5 степени, но само со „драматични и непосредни климатски мерки“.

– Можеме да го запреме најлошото, но за да го направиме тоа, годината на големи горештини мора да ја претвориме во година на горливи амбиции – рече Гутереш.

Генералниот секретар на ОН ги повика компаниите за фосилни горива да се свртат кон обновливите извори на енергија. Истовремено, тој повика да се прекине употребата на јаглен во процесот на производство на електрична енергија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button