ВЕСТИСВЕТ

Гутереш: Правото на Палестинците да градат сопствена држава мора да биде признаено од сите

Правото на палестинскиот народ да изгради своја држава мора сите да го признаат, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на самитот на Движењето на неврзаните во Уганда.

„Одбивањето да се прифати решението за две држави за Израелците и Палестинците и негирањето на правото на државност на палестинскиот народ се неприфатливи“, рече тој, пренесува Гардијан.

Таквиот став „на неодредено време ќе го продолжи конфликтот кој стана главна закана за глобалниот мир и безбедност, ќе ја влоши поларизацијата и ќе ги охрабри екстремистите насекаде“, посочи Гутереш.

„Правото на палестинскиот народ да изгради сопствена држава мора да биде признаено од сите“, рече тој.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button