Климатски ПромениСВЕТ

Гутереш: Температурата на водата во Пацификот се зголемува три пати побрзо отколку во другите делови на светот

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека температурата на водата во Пацификот се зголемува три пати побрзо отколку во другите делови на светот и предупреди дека населението во тој дел од планетата е „особено изложено“ на влијанието на порастот на нивото на морето.

Говорејќи пред новинарите во Тонга, каде што се одржува Форумот на Пацифичките Острови, Гутереш конкретно укажа на наодите кои покажуваат дека југозападниот дел на Пацификот е најтешко погоден од порастот на нивото на морето, на некои места повеќе од двапати од глобалниот просек во последните 30. години, пренесува порталот Еурактив.

„Дојдов во Тонга за да испратам глобален СОС, во врска со подигнувањето на нивото на морето – Спасете ги нашите мориња“, апелираше Гутереш преку неговиот профил на X.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button