СПОРТФУДБАЛ

Во понеделник ќе започне продажбата на билети за Македонија – Ерменија

Во понеделник, 2. септември, ќе започне продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија (10. септември, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од новото издание на Лига на Нации.

Advertisements

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 200 и 400 денари. 1.500 денари е цена на влезница во ВИП ложа на северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА  (Национална арена „Тодор Проески“, 10. септември, 20:45 часот)

Цени на билети: 

Северна трибина – 400 денари;

Јужна трибина – 400 денари;

Западна трибина – 200 денари;

Источна трибина – 200 денари;

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварот, 10. септември од 10:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button