СПОРТФУДБАЛ

Гвардиола: Сите го бараат Силва, но јас сакам тој да остане со нас

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва изминатото лето се поврзуваше со заминување од Манчестер Сити и преселба во Барселона, но сепак се одлучи да остане дел од актуелниот освојувач на Лигата на Шампиони и да потпише нов договор со важност до 2026 година.

Новиот договор сепак не ги промени плановите на Барселона која и понатаму во Силва гледа на фудбалер кој може да го врати тимот на претпознатливот пат па се очекува каталонците да испратат нова понуда за негов ангажман. Но, овој пат „зелено светло“ за трансфер нема да даде Пеп Гвардиола.

„Сите го бараат Силва, но јас сакам тој да остане со нас. Ова е многу важно за нашиот тим. Тој е фудбалер кој добро го познава стилот на игра на овој тим. Долго време е тука и можам да кажам дека е еден од нашите најзначајни фудбалери“, изјави шпанецот.

Силва оваа сезона настапи на 36 натпревари во сите конкуренции забележувајќи девет голови и пет асистенции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button