СПОРТФУДБАЛ

Тен Хаг: Имаме тим со одлична иднина, младите играчи се подобруваат

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, уживаше во една од најважните победи откако е на кормилото на тимот. „Црвените ѓаволи“ го победија Ливерпул со 4-3 во неверојатна пресметка во четвртфиналето на ФА купот и ќе се соочат со Ковентри во борба за место во финалето.

„Првите 30 минути беа нашите најдобри од почетокот на сезоната. Игравме многу компактно и си помагавме, но потоа имаше и празни периоди, што е недозволиво против еден од најдобрите тимови во светот. Во тие моменти Ливерпул нѐ надигра, но потоа ги искористивме шансите и сите вложија многу труд да го свртиме резултатот. Секој од момците веруваше во победа“, изјави Тен Хаг.

 

„Рашфорд е непоколеблив и никогаш не се откажува. Вообичаено ги реализира шансите што ги пропушти, но важно е што продолжи да ја бара својата шанса. Ова ги инспирираше и другите“, потенцираше холанѓанецот.

 

„Имаме тим со одлична иднина. Фудбалерите како Дијало, Гарначо и Мајну ќе продолжат да се подобруваат“, убеден е Тен Хаг.

 

„За да стигнеме до финалето мораме да го победиме Ковентри. Мора да одиграме на максимум од нашите можности, бидејќи противникот е силен и тоа веќе го докажа. Но, ние ќе бидеме подготвени“, изјави менаџрот на „Црвените Ѓаволи“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button