СПОРТФУДБАЛ

Хаким Зијеш, во низата фудбалери кои ќе си заминат од Галатасарај

Хаким Зијеш е последниот во низата фудбалери кои ќе си заминат од Галатасарај откако турскиот клуб донесе неколку засилувања летово, па сега ќе мора да направи простор во ростерот со продажба на дел од играчите кои не се дел од плановите на стручниот штаб.

Така, Заха беше испратен на позајмица во Лион, но кога станува збор за Зијеш, крилниот офанзивец е решен да си замине со перманентен трансфер, и тоа како слободен играч. Тој е еден од најплатените фудбалери во тимот, па управата на Галата е подготвена да му даде и раскин на договорот, за потоа и надвор од преодниот рок да може како слободен играч да се пресели во нова средина.

Преговорите за камбек во Ајакс пропаднаа поради недоволната финансиска моќ на холандскиот гигант, а и сите клубови од Европа му нудат на крилниот офанзивец значително помала плата од онаа што ја зема во турскиот шампион.

Поради ова, мароканецот планира да се пресели на “Исток“, а најсериозен интерес за неговите услуги доаѓа од Катар, на чело со Ал Гарафа чии челници делуаат најзагреано за да го доведат Зијеш во своите редови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button