ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хаос пред Заводот за социјална работа во Тетово

Дошле во четири часот наутро, за да фатат ред и да го напишат своето име на оваа листа. Три часа подоцна, во 7 часот, почна да ги примаат броевите, да ги достават документите за трето дете.

Но, иако се тука од 4 часот наутро, секој не успева да зема број. Оваа институција го ограничи приемот на странките до 80 лица на ден, додека другите ќе се обидат следниот ден.

„Се уште не сум добил број. Чекам десетина дена. Еден ден дојдов во четири наутро, но ништо. Никој не го прави ова, државата го прави“, вели еден жител.

Граѓаните често губат трпение. Тие се спротивставуваат на формирањето на листите и долгото чекање од раните утрински часови.

Жителите бараат зголемен број вработени, со цел да се избегнат приливите.

„Персоналот треба да се зголеми, не знам друго што да кажам. Дојдов од 7, а рече дека се дадени броевите до 80, нема повеќе“…

„Не сум завршил работа веќе една недела, доаѓам и се враќам. Доаѓаме од селата, уморни сме, плаќаме такси и не можеме да работиме“…

„.Чекам четири дена, од пет наутро“, реагираат жителите.

Директорот на Центарот за социјална работа Дарко Обадиќ им порача на граѓаните дека нема потреба да се собираат, бидејќи крајниот рок за доставување на документите е 31 март. Обадиќ телефонски за Алсат рече дека единаесет шалтери работат за прием на документи, но се разгледуваат можноста за примање документи и во сабота. Во Тетово има околу 4.000 лица кои редовно ги ажурираат документите за додатоци за трето дете.

Башкиим Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button