ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Истражување: Приватните фирми се соочуваат со корупција

Компаниите од приватниот сектор се соочуваат со висок процент на корупција, покажува истражување на невладиниот сектор. Според наодите на документот насловен „Бизнис без корупција“ бизнис секторот индивидуално не може да се справи со овој проблем. Потребна е заедничка борба на сите засегнати страни за да се изгради општество со нула толеранција за корупцијата.

„Компаниите и те како го чувствуваат товарот на корупцијата. Не ја прифаќаат здраво за готово, чувствуваат дека им пречи во водењето бизнис. Особено на оние компании кои вистински сакаат на пазарот да се пласираат со квалитет, со продуктивност, а не преку коруптивни делувања“, рече Никица Кусиникова извршен директор на здружение на даночни советници „Конект“.

Истражувањето уште една го потврди нетранспарентното и коруптивно работење во државните претпријатија. Триесетте најголеми државни претпријатија јавно објавувале само 28 проценти од информациите. Не се спроведувала постапка за избор на членови на управни и надзорни одбори, а одредени претпријатија имале и загрижувачка финансиска состојба.

„Отсуствуваат внатрешни антикорупциски програми и механизми, не постои соодветна и унифицирана правна рамка за работењето на државните претпријатија“, рече Герман Филков центар за граѓански комуникации.

Од владата велат дека подготвиле системски мерки и го подобриле процесот на јавните набавки.

„Годинава започнување со воведување на електронски систем на инспекција, Е-инспектор кој ќе овозможи електронско поврзување на сите 28 инспекциски служби. Со овој систем ќе се намали субјективното влијание на инспекторот за време на надзорите“, рече Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупција.

Иако корупцијата е застапена длабоко во нашето општество, податоците покажуваат дека институциите многу слабо се справуваат со овој проблем.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button