СПОРТФУДБАЛ

Хари Кејн стигна до 19 гола и 7 асистенции во 14 натпревари

Челниците на Баерн беа во право кога во летниот преоден рок инсиситираа на трансферот на Хари Кејн. Долго време преговараа со Тотенхем, откако Кејн прифати да се пресели во Минхен. Во финишот на преодниот рок падна договорот, Тотенхем доби 95.000.000 евра, а Кејн го облече дресот со број 9 на германскиот великан.

Хари Кејн блеска од почетокот на сезоната во дресот на новиот клуб. Синоќа беше двоен стрелец во победата на Баерн против Галатасарај во Лигата на шампионите.

Во досегашниот дел од овогодинешната Лига на шампиони, Кејн на четири натпревари постигна четири гола и имаше две асистенции.

Уште поимпресивен е неговиот настап во Бундеслигата, каде на 10 натпревари постигна 15 голови со пет асистенции. Досега на 14 натпревари постигна вкупно 19 гола и имаше седум асистенции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button