Хартиените дневници заминуваат во историјата, на нивно место – електронски!

Нема веќе да има печатени дневници во основно и средно образование од новата учебна година, соопшти Бирото за развој на образованието. Наместо во дневник, информациите за учениците ќе се запишуваат само електронски.
Измените се на барање на наставниците, кои сакаат да бидат растоварени од обврската да водат двојна евиденција во воспитно-образовниот процес.
Новите правила важат за основното и за средното образование. Според Бирото ова не е никаков проблем за наставниците кои веќе знаат да пополнуваат електронски дневник и дека тој со години е дел од образовниот систем.
Електронската евиденција ќе ја водат околу 25 000 наставници и професори, и исто и како и во печатените, во електронските дневници, освен оценките, ќе се внесуваат информации за изостаноците и активностите на учениците.